Три нови партии се приклучија на Здружената Опозиција

Претседателот на ЛДП,  Горан Милевски, во изјава за медиумите истакна:

„Од името на здружената опозиција можам да соопштам дека денес кон овој здружен опозиционен блок се приклучија уште три нови партии.

Тоа се Нова алетрнатива на г-динот Ѓорѓи Оровчанец, Партијата на Обединети пензионери и граѓани на Република Македонија, на генералот Илија Николовски, и партијата ПЕП 21.

Сите обединети донесовме одлука дека ќе ја приофатиме Декларација Граѓани на Македонија и дека во недела ќе се приклучиме на мирниот протест којшто се органзиира во 14 часот, пред Владата на Република Македонија.

Значи, целата здружена опозиција, сите партии од овој блок, здружено ќе се приклучат на овој мирен, народен, сенароден протест во недела.“- истакна Милевски.

 Одговори на новинарски прашања:

Медиуми:Што е со Либерална партија?

Милевски: Либералната партија, исто така, дава целосна поддршка на протестот, ќе учествува, ја прифаќа Декларацијата, но побараа време, нивните органи и тела да ја донесат конечната одлука за приклучување кон опозицијата.

Медиуми: А беа ли сите опозициски партиии поканети? Партијата на Љубчо Георгиевки, Народна партија?

Милевски: Партијата Достоинство, колку што знам, ја потпиша претходно оваа Декларација, исто така и нивното членство во недела ќе присуствува на овој протест. Знаете дека генералот Стојанче Ангелов не е во државата, така да, не можеше да присуствува денес.

Медиуми: А ВМРО-Народна партија?

Милевски: За нив немаме информации, но се надеваме дека ќе ја прифатат, бидејќи, доколку се опозициона партија и сакаат да се тргне овој режим, се надеваме дека ќе ја прифатат и тие оваа Декларација на граѓаните, на народот и ќе учествуваат, ќе се приклучи нивното членство на овој протест.

Медиуми: Албански партии дали беа поканети?

Милевски: Голем број од албанското население имаме најава дека ќе учествува на митингот во недела. Ние како опозициони партии ја потпишавме Декларацијата, останува и тие да се изјаснат во некој период.

Медиуми: А БЕСА ја поканивте?

Милевски: Денеска беа поканети само партиите од Здружената опозиција и оние три партии коишто се приклучија на оваа коалиција.

Медиуми: Околу движењето, маршутата, нешто ќе можете ли да кажете каде ќе биде точно, каде ќе се одвива?

Милевски: Со информација ќе одиме дополнително. Во секој случај, како доаѓаат автобусите, граѓаните од другите градови, ќе се приклучат на мирниот протест пред Владата и апелираме тоа да биде еден мирен протест. Ќе се осудат сите обиди на провокации, доколку власта има намера да прави. Според нашите убедувања, ова ќе биде најмирниот и најмасовниот протест којшто се одржал и организирал во Република Македонија.

Медиуми:Имате ли информации за притисоци затоашто се појавија информации дека имало притисок за граѓаните да не дојдат, автобуси да не тргнуваат накај Скопје?

Милевски: Гледате дека има проблем со организирањето на автобусите, заплашување има на граѓаните. Ако гледате некои провладини портали, го заплашуваат народот дека ќе има немири. Меѓутоа, сето тоа е во рамките на шпекулациите и во рамките на тоа граѓаните да се заплашат, да не доаѓаат на протестот, меѓутоа ние сме убедени дека граѓаните нема да наседнат на овие шпекулации и дека масовно ќе дојдат на овој протест, бидејќи пред сé е граѓански, а ние како политички партии само ќе учествуваме на истиот, без партиски обележја, сите ќе бидеме под боите на Република Македонија.

ssredba1505slika3