Повредени 18 полицајци на јужната граница

Денес околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, нарушен е јавниот ред и мир од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција – Македонија. Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македоснка страна. Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и…

повеќе...

Информација за состојбата во прифатните центри за мигранти во Гевгелија и Куманово

Од МВР информираат дека изминативе 24 часа состојбата на северната граница во прифатниот центар Табановце е мирна. Пристигнати и заминати се вкупно 2715 мигранти. За периодот од 24 часот по полноќ до 08 часот утринава пристигнати се 45 лица, а издадени се 12 потврди за азил. Моментално во кампот се наоѓаат 280 лица. Во прифатниот Центар на јужната граница во Гевгелија состојбата, исто така, е стабилна. До овој момент во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат, а од грчка страна има околу 2000 лица. Напоменуваат дека овие бројки…

повеќе...

Шекеринска: Нашата визија е да создадеме општество на еднакви и слободни граѓани

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше помеѓу граѓаните на Гевгелија. Шекеринска го посети местото од каде што започнува транспортот со автобуси и такси превозници на мигрантите. Граѓаните од овој град проговорија за она што се случува и како ситуацијата со мигрантите се злоупотребува за да профитират лица блиски до власта. „Видете, се работи на црно, на маката на бегалците заработуваат луѓето блиски до власта. Точно се знае кој може да превезува, кој може нешто да продава, препродава. Секојдневно се превезуваат бегалци со такси возила и автобуси по многу повисоки…

повеќе...

Имаме нова реалност, бројот на бегалците се зголемува – претседателот Иванов го посети прифатниот центар во Гевгелија

Справувањето со мигрантската криза за Македонија претставува голем напор и оптоварување на сите наши буџетски средства. Сепак, покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик, иако сите ресурси се до максимум искористени, порача претседателот на Република д-р Ѓорге Иванов, по денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија, каде се згрижуваат мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија. Претседателот Иванов констатираше дека Македонија се соочува со нова реалност и, според информациите на терен, наместо да се намалува, бројот на бегалците се зголемува. Се случувало и прилив од 1.000 бегалци за само…

повеќе...