Од денес започнува зимата

Официјално од денес започнува зимата на северната полутопка, додека пак на јужната полутопка започнува летото. Ова е најран датум на започнување на зимата уште од 1896 година. Денес на северната полутопка денот ќе биде најкраток и ќе трае 9 часа и 7 минути.

Од УХМР за овој викенд најавуваат сончево време со умерена облачност со температура од -6 степени до 5 степени целзиусови.

Инаку зимата е најкраткото годишно време со 88 денови, 2 до 3 дена пократко од другите годишни времиња. Календарски зимата ќе заврши на 20 март 2013 година.