Слепо куче изминало 16 км и се вратило кај сопствениците

На Алјаска на 13 декември беснеела снежна бура во која се изгубило Ејби, 8 годишно куче. Седум дена покасно, по поминати 16 километри, слепото куче го пронашло патот и се вратило кај сопствениците, семејство со 3 деца помлади од 10 години. Ејби е посвоено куче од прифатилиште за кучиња, а за брзо време им станало љубимец на децата Ава, Грег и Шејн.

Во изминатите 2 недели на Алјаска температурата паѓаше и до -40 степени целзиусови, а на слепото куче никој не му даваше шанси за преживување.

„Ова е чудо. Не постојат други зборови кои можат тоа да го опишат. Никогаш не очекувавме да се врати“. – изјави сопственичката на кучето.

Прво го пронашол ветеринарот Марк Меј, на 19 декември додека бил во дивината со неговиот тим.

Кучето трчаше покрај нас повеќе од километар, но по малку застана. Наредниот ден се појави пред мојата врата. Го внесовме внатре и се грижевме за него. На мое изненадување, на неговото тело немаше замрзнатини“. – изјави Меј.

Со помош на локалните медиуми и социјални мрежи, Меј успеал да ги најде сопствениците на кучето, кои велат дека го добиле најдобриот подарок за Божик.