Исплатата на субвенциите е во тек

„Исплатата на субвенциите е во тек и се одвива без никаков проблем“, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Како што рече Димовски пред состанокот на Советот за земјоделство и рурален развој, од 2011 година веќе не постои терминот неисплатени, туку непребиени субвенции, со заостаната обврска на земјоделците за неподмирена закупнина за користење државно земјоделско земјиште.

„Во фаза се потпишувањата на договорите меѓу Министерството и корисниците на државното земјоделско земјиште. Тие треба да знаат дека со ова се пролонгира обврската за нивно плаќање до 31 јуни следната година кога е последниот датум да ги платат овие обврски. Истовремено извршивме корекција и во Законот за земјоделско земјиште согласно која, за слични случаи, за неплатени обврски се е предвидено наеднаш, за 2011 и 2012 година разликата од обврската до вистинската вредност на субвенцијата да биде наеднаш исплатена“, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

„Вакви случаи, нема многу. За сума не би можел точно да кажам, но сигурно не е толку голема колку што може некој да шпекулира“, потенцираше министерот Димовски.