Трансфер периодот е отворен, неколку Македонци ги променија средините

Македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов деновиве се очекува да потпише 2 и пол годишен договор со Левски Софија, вреден околу 400 илјади евра. Тој го напушти клубот на Војводина од Нови Сад како слободен играч. Интерес за него покажаа Партизан, Црвена Звезда и Вардар, но тој сепак се одлучи за Левски.

Бојан Георгиевски потпиша со белорускиот БАТЕ Борисов. Претходно Георгиевски како член на Металург беше пуштен на позајмица во Сконто Рига.

Влатко Гроздановски најверојатно ќе се врати во Вардар откако му истече договорот со кинескиот Лионинг.

Арменд Алими од шведскиот Оребро се пресели на југ, односно на Кипар во екипата на Неа Саламис, каде тренер е поранешниот македонски селектор, Мирсад Јонуз.

Никола Јакимовски веќе пристигна во Јапонија, во екипата на Нагоја Грампус, каде тренер е Драган Стојковиќ „Пикси“, додека пак негов помошник е Бошко Ѓуровски.

Зимскиот преоден рок тукушто започна, а не е исклучена можноста трансфери да извршат повеќе Македонски фудбалери.

WebOhrid