Украдени 120 илјади евра, крадците го запалиле возилото

Кривично дело разбојништво е извршено утрово околу 8 часот на улицата „Дејан војвода“ во Охрид. Четири засега непознати лица кои, по улицата се движеле  со патничко возило „Фолксфаген-џета“ со кичевски таблици, директно го удриле лицето К.А.(48) од Охрид по што еден од нив, излегол и од повредениот одзел една платнена ташна во која, според кажувањето на повредениот, имало 120.000,оо евра. Веднаш потоа, со истото возило се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредениот К.А. е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено е запалено патничкото возило  „Фолксфаген-џета“ со кое претходно го користеле сторителите.

СВР Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело разбојништво.

kola1Kola3