Нема дом без суво пиперче

Можете ли да си замислите дом без суво пиперче!? Популарната „низалка“ ја има скоро во секој дом. Иако времето за сушење одамна е изминато, штом поминете низ Охрид може да забележите дека многумина своите низалки ги имаат оставено надвор, најчесто на терасите.

Сувата пиперка во исхраната на човекот освен како низалка составена од цели пиперки најчесто може да се најде во мелена форма во кујните, додека пак освен со мелен пипер традиционалната македонска кујна познава многу специјалитети со цела сува пиперка.

Nizalki02

WebOhrid