Објавена програмата за „Прличеви Беседи“

По повод годишнината од смртта на охридскиот писател и преродбеник Григор Прличев на 4-ти и 5-ти февруари ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Прличеви Беседи“.

„Прличеви Беседи“ е манифестација која постои од 1952 година, започната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.

Манифестацијата продолжува на 6-ти февруари, се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, прличева визита, посета на спомен куќата, со соодветна програма.

„Прличеви Беседи“ е манифестација која во градот Охрид ја одбележува Центарот за култура, Охридската библиотека, Основното училиште, Просветно дело, Друштвото на писатели, Локалната самоуправа и Министерството за култура.

PrliceviBesedi2013

WebOhrid