Во пожар кој ја уништи фармата со камили во регионот Шварцвалд на југот од Германија, изгореа 86 камили, а штетата која е направена изнесува два милиони евра.
Како што пренесуваат германските агенции, пожарот се случил вчера, во раните утрински часови. Сопственикот на фармата успеал да спаси 5 камили, а останатите изгореле откако останале заробени во своите штали.
Околу 100 пожарникари учествуваа во гаснењето на овој пожар, а стручни лица работат на утврдување на причините за предизвикувањето на пожарот.
Фармата им нудеше на посетителите да јаваат камили, а исто така продаваше и млеко од камили.