По синоќешниот ветар езерото повторно исфрли отпад на кејот

Охридското Езеро повторно исфрли голема количина на отпад. Ова без исклучок се случува секогаш после секој посилен ветар.

Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ рано уште од 6 часот подигнаа 25 m³ отпад кој воглавно се состои од комунален отпад. Она што може да се забележи дека најверојатно комуналниот отпад  доаѓа од соседна Албанија, што може да се заклучи според етикетите од комуналниот отпад.

„Трошоците за чистење на езерото на ваков начин се големи и паѓаат на товар на јавното претпријатие“ – велат од Ј.П. „Охридски Комуналец”.

Од јавното претпријатие апелираат да се преземат конкретни мерки за заштита на Охридското Езеро, бидејќи од година на година се зголемува загадувањето со комунален отпад.