У21: Албанија 0:0 Македонија

Младинската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови против селекцијата на Албанија до 21 година на пријателскиот натпревар одигран во Драч.

Фудбалерите предводени од селекторот Бобан Бабунски беа рамноправен, а на моменти и подобар противник на пресметката во Драч, со која почнува формирање на тимот што ќе настапува во квалификациите за ЕП 2015 во Чешка. Дејан Пешевски во 86.минута ја имаше најдобрата шанса за Македонија, противникот двапати ја погоди рамката од голот на Македонија.

Младата репрезентација започна во состав: Димитриевски, Ашковски, Китановски, Алиоски, Стојчевски, Драгарски, Најдовски, Мицевски, Ѓурѓевиќ, Симоновски и Жута.

Бабунски го подготвува составот за квалификацискиот циклус за Европското првенство во Чешка во 2015 година што почнува во јуни. Македонските надежи ќе се борат за пласман на ЕП со Израел, Португалија, Норвешка и со Азербејџан во групата 8.

извор: ФФМ