ВМРО-ДПМНЕ: Недоделувањето на салата за презентација претставува недемократски чин

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид реагира на недоделувањето на салата за презентација, карактеризирајќи го тоа како недемократски чин на Локалната самоуправа и како тотално непочитување кон сограѓаните.

„Недоделувањето на салата за презентација на Програмата на Кандидатот на Градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Д-р Никола Бакрачески претставува недемократски чин на Локалната самоуправа предводена од СДСМ и израз на тотално непочитување кон сопствените сограѓани.

Тоа е израз на страв и паника на Александар Петрески од се појасната, поширока и побројна поддршка на охриѓани кон кандидатот на ВМРО ДПМНЕ д-р Бакрачески, што воедно е сигурен знак за сигурен пораз на Петрески на овие избори и конечно спас од 8 годишното негово уништување на Охрид“. – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.