Активности од областа на превенцијата

Вчера во времето од 12,00 до 12,30 часот, од страна на Началникот на СВР Штип Ванчо Синадиниовски и Началникот на Отсеко за превенција при СВР Штип г-дин Ангелче Стојановски е направен прием во СВР Штип на ученици – врснички едукатори, кои учествуваат во реализирање на проектна активност „едукативни предавања“, предвидена во проектот „Превенција од Никотиноманија“, кој проект е изготвен од Отсеко за превенција при СВР Штип и се реализира на подрачјето на СВР Штип, во кои се опфатени сите ученици од пето до девето одделение од основните училишта и сите ученици од прва до четврта година од средните училишта.