Лидерите на Египќаните во функција на заштита на својот народ

Петрит Хусеин, за WebOhrid, изјави дека тој и Демир Далип, како неформални лидери на Египќаните во Охрид, но и во цела 5-та изборна Единица, и покрај константниот притисок што се врши врз нивниот народ, но и лично врз нив, каде во одредени моменти е загрозен нивниот личен физички и психички интегритет, за што се известени високи преставници на ОБСЕ и ЕУ, немаат намера да се повлечат, туку храбро, достоинствено, и во рамките на законот да ги преставуваат и штитат правата и слободите на Египќаните.

Петрит Хусеин, како поранешен легитимен лидер на Политичката Партија Сојуз на Египќани, истакна, дека притисоците се насочени, лично врз него, како стабилизаторски фактор на Египќаните, и врз Демир Далип. Хусеин, рече дека недолично е да се атакува врз Демир Далип, како лице со хендикеп, бидејќи, истиот не е слаб како конец да се кини, туку е јак како жила, што може, секој што ќе се обиде да го скини самиот да биде скинат, алудирајќи со тоа дека, Египќаните, овој пат, како никогаш досега се организирани на највисоко ниво, бидејќи во тимот на г-дин Петрит Хусеин, има над 30 високообразовани кадри, и тие не се „разно-разни граѓани“ туку се достојни, претставителни и пред се чесни и лојални граѓани на град Охрид. И после сите обиди на одредени центри на политичка моќ, да го девалвираат ликот и делото на Петрит Хусеин, паѓаат во вода, бидејќи тој, како и неговиот тим, посветено работат на Програма за подобра иднина за граѓаните Египќани во Охрид и пошироко.

Тие се надеваат и се цврсто убедени дека, на претстојните Локални Избори, таа Програма, ќе биде дел од програмата на еден од кандидатите за Градоначалник, кого најверојатно ќе го поддржат на Локалните Избори, а се со цел интеграција и подобар статус на Египќаните во Охрид и Република Македонија.

DemirDalip

WebOhrid