Папата Бенедикт XVI, сосема неочекувано најави дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари, известуваат италијанските медиуми.
Неочекуваната одлука 85 годишниот Бенедикт XVI ја објаснува како „недостаток на енергија за продолжување со должноста“, со напомена дека заминува „за доброто на Црквата“.
Според некои медиуми, папата Бенедикт XVI последната година отежнато се движел со помош на патерица, а исто така имал проблеми со читањето на текстовите.
Јозеф Рацингер беше назначен за папа Бенедикт XVI во април 2005 година по смртта на неговиот претходник Јован Павле II.