Цените на горивата, од ноќеска на полноќ повторно се зголемуваат, бензинот за 2,5 денари, додека пак дизелот за половина денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,50 ден/лит, и ќе изнесува 71,50 ден/лит.
Како што соопштуваат од РКЕ, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 ден/лит така што сега ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,404 ден/кг, така што сега ќе чини 42,928 ден/кг.