Уште 4 дена за фирмите да им издадат пресметки на граѓаните за исплатени приходи во 2012

Фирмите кои вршеле исплати на приходи во текот на изминатата година, до 15 февруари задолжително на граѓанинот треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други наградни игри или други приходи, како и платениот персонален данок и придонеси во 2012 година.Неиздавањето на ваква пресметка од страна на фирмите претставува прекршок, за кој законот предвидува глоба.

Според последните податоци на УЈП, само 15.031 исплатувачи на приходи поднеле Годишен извештај за 2012 (“ПДД-ГИ“) , а се очекува оваа бројка до крајниот рок / 15 февруари да достигне 70 илјади. Ова укажува дека фирмите сеуште ги извршуваат своите обврски во последните денови пред истекот на роковите.

Заради избегнување на метежите на шалтерите на УЈП, им укажуваме на фирмите кои се регистрирани корисници на електронски услуги е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk да го достават Годишен извештај (“ПДД-ГИ“) преку интернет. По електронски пат, годишен извештај доставиле 42 фирми.