Реконструкција на дел од улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода“

Од утре, па во наредните денови, поради реконструкција на дел од улицата „Абас Емин“, позади пожарната и на дел од улицата „Дејан Војвода“, од крстосницата со „Абас Емин“ до булеварот „Македонски просветители“, надлежните апелираат до граѓаните, колку што е можно да ги избегнуваат овие улици за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на нив.