За време на средбата со вицепремиерот на Бугарија, Златанова, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Бесими се осврнал на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими ја истакна важноста на Европската агенда да продолжи во наредниот период.
Исто така, Бесими ја потенцирал заложбата на Република Македонија во насока на зајакнување на билатералните односи со Република Бугарија, продолжување со средбите на високо ниво, континуирана имплементација на постоечките договори, како и потпишување на нови со цел понатамошно одржување на добрососедски односи. На заедничката средба во Софија, вицепремиерот Бесими со шефот на бугарската дипломатија Вигенин се согласиле дека Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатлантските структури. Воедно во овој процес, поддршката од соседите е есенцијална.
Според Бесими, соработката со Република Бугарија на патот кон наше полноправно членство во европските и евроатланските интеграции се одвива согласно Меморандумот меѓу двете земји за европска и евроатланска интеграција констатираа заеднички.
„Република Македонија е заинтересирана за унапредување на политичкиот дијалог на највисоко ниво со Република Бугарија, вклучително и официјални посети а секако и поддржани и со поинтезивни средби на професионално и техничко ниво. Одржување на добрососедските односи со земјите од регионот е особено значајно за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, а воедно и конструктивното учество во билатералните односи со Република Бугарија“, рече Бесими.
Домаќините, како што се посочува, биле информирани за активностите и реализацијата на реформските процеси во државата, особено во поглед на реализација на препораките во областите, кои, како клучни се посочени од Европската Комисија, односно судството, јавната администрација, слободата на изразување и други области. Во овие рамки Бесими информирал за статусот на активностите од Предпристапниот дијалог на високо ниво со Европската Комисија, како и техничкиот дијалог за 23-то и 24-то поглавје. Целите и обврските што произлегуваат од овој дијалог содржани се во заеднички Оперативен план и претставуваат мотив повеќе и насоки во реализацијата на активностите во процесот на приближување кон Унијата.
Особен интерес, како што се наведува, е искажан во однос на регионалната соработката, со акцент на искористувањето на европските финансиски фондови, особено преку ИПА Програмата за преку-гранична соработка. Досегашното искуство покажува позитивен тренд на овој вид соработка, која на задоволство на двете страни е поддржана од Европската Комисија.
Од страна на домаќините било изразено разбирање за македонските актуелни предизвици, подготвеност за унапредување на билатералните односи, а била потврдена поддршката и помошта во остварувањето на напорите кои што Македонија ги прави во насока на исполнување на последните од низа обврски и критериуми во процесот на интеграција во европските структури. Била поздравена динамиката на остварувањето на активностите од Предпристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската комисија, што ја потврдува посветеноста на државата во остварувањето на стратешката цел. Во тие рамки била нагласена подготвеноста за конкретна помош при подготовка на одредени подглавја, како и искуствата од искористувањето на ИПА и ИПАРД фондовите.
На крајот Бесими нагласил дека независно од одлуката на Брисел, Република Македонија продолжува со агендата на реформи и добрососедски односи, што според бугарскиот министер за надворешни работи и вистинска политика за надминување на состојбата.