Здружената опозиција одржа протестен марш со автомобили

Со колона автомобили по улиците Булевар „Туристичка“ дo крстосницата со Ул. „Абас Емин“ – „Гоце Делчев“- „Бистрица“- Бул.„ Туристичка“ до Охридска Банка – „7-ми Ноември“- „Марко Нестороски“- „Питу Гули“- „Јане Сандански“- „ Галичица“ –  „АСНОМ“ па се до улицата „Никола Карев“ до маркетот на Тинекс, Здружената опозиција одржа протестен марш, со што денес повторно го крена гласот против „апсолутистичкото владеење на актуелната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ“. Пред присутните свое обраќање имаа пратеникот на СДСМ Митре Велјаноски и градоначалникот Александар Петрески.

„Ни останува наредниов период уште кратко време да се припремиме, да бидиме спремни кога ќе настапиме, да си ја завршиме нашата работа, знаете на кој начин. Нашата машинерија е веќе тргната. Знаете веќе во следниот период ко ќе тргнит машинеријата застанување нема. Сигурно дека во наредниот период ќе ве замолиме уште еднаш да одиме Скопје. Наредниот период со одење Скопје ќе не има се повеќе и повеќе. Ви благодарам што и вечерва сте овде со нас и сите денови што заедно ги помнинуваме, Ви благодарам и Ве уверувам дека јас и челниците на СДСМ ќе знаат да го ценат овој труд“, – се обрати градоначалникот Петрески .

Како што рече Петрески најверојатно оваа недела ќе има уште еден марш.

02 03 04 05WebOhrid