Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 111 испитаници, голем е бројот на оние што ќе го слават денешниот ден според православниот календар, Свети Трифун со 44%. Додека пак за „Денот на вљубените“ – Свети Валентин се одлучија 18%.
Исто така добар дел од нашите читатели ќе направат спој од овие два празници, дури 33% од анкетираните се одлучија да бидат „вљубени“ на „Свети Трифун“.
Само 5% од испитаниците нема да слават ништо.
Во секој случај, дали ќе го славите Свети Трифун или Свети Валентин, редакцијата на WebOhrid Ви посакува убав празничен ден, исполнет со среќни моменти, љубов, но не само денес, туку и секој Ваш нареден ден.
WebOhrid