По предходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судка наредба, полициските службеници од СВР Куманово вчера (13.02.2013) извршија претрес во домот на С.А.(40) од с.Лојане, каде што се пронајдени десет државјани на Авганистан, од кои едното е дете на возраст од 10 години.
С.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист за неутврдена парична надокнада во својата куќа во с.Лојане мигрантите ги сместил и засолнил, а со цел истите илегално да ги пренесе преку македонско-српската граница. Инаку, мигрантите во Авганистан на непознато лице му платиле 7.000 долари за да им организира непречено да стигнат во Италија.
СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ке биде изготвена кривична пријава за „криумчарење на мигранти“.