Чешкиот претседател Вацлав Клаус вчера го потпиша законот со кој користењето на марихуана за медицинско лечење ќе биде легално во Чешка. Со овој закон се одобрува увоз, а подоцна и локално одгледување во посебно регистрирани фирми.
Пациентите ќе треба да имаат лекарски рецепт за да го добијат лекот во аптека, но тоа лечење нема да го покрива здравственото осигурување, а пациентите ќе можат да си одгледуваат марихуана и во домашни услови.
Медицинската употреба на марихуана е легална во повеќе европски држави, како и во делови од САД. Таа се користи за ублажување на болки кај хронично болните, но и кај болните од рак.