Чешка ја легализира марихуаната за медицинско лечење

Чешкиот претседател Вацлав Клаус вчера го потпиша законот со кој користењето на марихуана за медицинско лечење ќе биде легално во Чешка. Со овој закон се одобрува увоз, а подоцна и локално одгледување во посебно регистрирани фирми.

Пациентите ќе треба да имаат лекарски рецепт за да го добијат лекот во аптека, но тоа лечење нема да го покрива здравственото осигурување, а пациентите ќе можат да си одгледуваат марихуана и во домашни услови.

Медицинската употреба на марихуана е легална во повеќе европски држави, како и во делови од САД. Таа се користи за ублажување на болки кај хронично болните, но и кај болните од рак.