При претрес на поштенска пратка од Аргентина во две туби за креми откриени 300 милилитри течен кокаин

Како резултат на постоење на оперативни податоци за транспорт со наркотична дрога кокаин како и размена на информации со американската службата за борба против дрога DEA, Одделот за НТ со дрога при ЦСОСК при МВР на РМ вчера (15.02.) пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин на релација од Јужна Америка во Република Македонија.

Имено, вчера по добиени оперативни сознанија дека е пристигната поштенска пратка (пакет) во ЕМС Пошта 2, Скопје во Скопје, во која има наркотична дрога кокаин, по издадена Наредба од Истражен судија од Основен суд Скопје 1, Скопје, извршен е претрес на поштенска пратка (пакет) пристигната од Аргентина, во која беа пронајдени повеќе предмети меѓу кои две пластични туби од креми од по 200 мл (вкупно 400 мл).

Поради постоење на основано сомнение дека истите се исполнети со течен кокаин, тубите се предадени на Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ заради вештачење. Притоа констатирано е дека во тубите течниот кокаин бил спакуван во презервативи, а остатокот од масата во тубите била исполената со крема, така што на тој начин биле минувани царинските контроли бидејќи кога тубите ќе се притиснат излегувала кремата, додека спакуваниот течен кокаин бил на дното. Внатрешноста на пластичните туби била исполнета со 300 мл течен кокаин. Цената на дрогата зависно од тоа дали би се продавала на друг купец или пак на мало се движи од 20.000 до 60.000 евра. МВР на РМ работи на целосно расчистување на случајот односно откривање на сторителите на кривичното дело (испраќачот и примачот на поштенската пратка).

kokain2