„Тодор Александров“ чека промоција

Спортската сала во Велгошти го доби името „Тодор Александров“.

Салата започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште „Живко Чинго“. Во изминатата деценија истата никогаш не беше целосно завршена со градба, со што пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана.

Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект е 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија.

Спортската сала „Тодор Александров“ е во финална фаза, а жителите на Велгошти со нетрпение го очекуваат нејзиното официјално пуштање во употреба.

TodorAleksandrov2 TodorAleksandrov3WebOhrid