Стадо овци на влезот од Охрид кон „Железничка“!

Многу често може да се случи патот да ви биде попречен од некое животно, и тоа најчесто на регионалните патишта.

Во овој случај, WebOhrid наиде на стадо овци кои преминуваа преку патот, на самиот влез од Охрид, на почетокот од „Железничка“. Автомобилите кои учествуваа во сообраќајот беа принудени да застанат.

За жал, ова е честа појава во Македонија, каде што слични ситуации завршуваат со несакани последици, особено кога видливоста е намалена.

Ovci2WebOhrid