Во саботата, на 23-ти февруари, за прв пат во Перт, Австралија се одржа Мешеишко-Климешка вечер. Повод за средбата која се одржа во просториите на Македонската Народна Општина-Вардар и каде што присуствуваа над 150 гости, беше со цел да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на изградбата на водоводот до Црквата Свети Илија – Илинче, која од високо ги гледа селата Мешеишта и Климештани.
Досега се собрани приходи во висина од $6000 со надеж дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. Покрај иселениците од Мешеишта и Климештани, на оваа хуманитарна вечер присуствуваа Македонци со потекло од сите краишта на нашата татковина, пред се од охридско-струшкиот регион, како и од Кичевскиот регион.