„Девојката со тетоважа на змеј“-Шведска, од денес (вторник) до 28.02.2013 (четврток) на репертоарот во Центарот за култура Григор Прличев. Филмот ќе се прикажува со почеток во 20:00 часот, а влезниците изнесуваат 100 денари.
Од 27.02.2013год (среда) до 03.03.2013год (недела) Изложба – слики „БЕЛИ МУГРИ“. Свечено отворање 27.02.2013 (среда) во 18:00 часот во Галеријата на Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид.
Исто така, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид авторот Слаѓана Кировска од 27.02.2013год (среда) до 03.03.2013 год (недела) ќе ја одржи нејзината втора самостојна изложба. Свечено отворање 27.02.2013 (среда) со почеток во 19:00 часот.
Малограѓанска Свадба” – Бертолд Брехт, повторно на репертоарот во Центарот за култура, петок 01.03.2013 година од 20:00 часот во режија Дејан Пројковски.
Ќе играат Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ -Еми, жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.
Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза и е само за возраст над 14 години.
Картите се по цена од 250 денари и можат да се купат на билетарата на Центарот за култура.