СВР Охрид поднесе посебен извештај против ДОО „Викторија Фешн“-Охрид, Н.К.(31), сопственик и К.К.(29), управител во наведеното друштво за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители“ в.в. „соизвршителство“. Во периодот од април 2011 година до јули 2012 година, пријавените со цел да исплатат побарување за закупнина на простории што ги користело ДОО „Викторија Фешн“, на АД „Лихнида“ и продале автоматизирана машина за шиење, иако знаеле дека истата е ставена под залог на НЛБ „Тутунска Банка“, со што на тој начин ја оштетиле Банката да неможе да го исплати своето побарување за износ од 950.851 денари.