Управување со Националните паркови, заштита на животната средина и валоризација

Во рамките на Централната комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, на својата редовна активност за популаризација на заштитата на животната средина и подигање на јавната свест за нејзино зачувување, синоќа во Центарот за култура Григор Прличев мала сцена во Охрид, се одржа Трибина.

Тема на трибината беше „Управување со Националните паркови, заштита на животната средина и валоризација“. Како панелисти свои излагања имаа Оливер Аврамоски од Националниот Парк Галичица, д-р Сузана Патчева од Хидробиолошкиот завод Охрид и Ѓоко Зороски од ЕД Грашница Охрид.

На трибината се разговараше за националните паркови и нивна класификација. Исто така стана збор и за Охридското Езеро и негова зашита, како и за животната средина и туризмот.