Дали барате работа?

Според анкетата на WebOhrid „Дали барате работа“, во која учествуваа 162 испитаници, 53% се изјаснија дека активно бараат работа. 25% од испитаниците пасивно бараат вработување, а за жал мал е бројот на оние кои што веќе се вработени и тоа со 22%.

Во Агенцијата за вработување во тек е пререгистрација на невработените лица во две евиденции, една за оние кои активно бараат работа и друга за останати кои се пријавуваат во Агенција. Терминот за пререгистрација на невработените е до 31 март. Лицата кои активно бараат работа должни се на секои 30 дена да се пријавуваат во центарот за вработување, додека пак оние кои што пасивно бараат работа, на секои шест месеци.

Во Македонија има 244 илјади невработени, додека пак во Охрид бројката е над 8 илјади, регистрирани невработени лица.

WebOhrid