Доцна синоќа заврши шеесетата седница на Советот на општина Охрид, на која беа прифатени сите предлог одлуки кои беа на дневен ред.
Советниците ги усвоија предлог одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечкиот ГУП.