Отежнат сообраќајот на патот Скопје- Македонски брод

Патниот правец Скопје кон Македонски Брод, поради појава на голомразица е тешко прооден, особено за лесните моторни возила.

Од 09:00 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец Струга-Ќафасан.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките места има помали остатоци од снег на коловозите, но без поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот.