На барање на МВР, Пелистер-Вардар се одложува за среда

Фудбалската Федерација на Македонија искрено жали што натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар што требаше да се одигра денес, (недела) 03.03.2013 година во Битола на барање на Министерството за внатрешни работи по одлука на Комисијата за натпреварување на ФФМ се одложува за среда, 06.03.2013 година.

Фудбалската Федерација на Македонија е обврзана да ги почитува одлуките, препораките и барањата на МВР на РМ од причина што тие се единствено надлежни за вршење на проценка на безбедноста.

“Имајќи ја во предвид безбедносната состојба, а со цел да не се создадат услови за предизвикување на насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерстовото за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови кои требаше да се одигра на 03.03.2013 година да се одложи“, стои во барањето на МВР.

Согласно на ваквото барање од МВР е донесена одлука од Претседателот на комисијата за натпреварување, одлуката е испратена до двата клуба, ФК Пелистер и ФК Вардар и истата доследно треба да ја почитуваат.

Натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар ќе се одигра во среда, 06.03.2013 година.