Петрески: Ве убедувам дека ќе победи убавото лице на Охрид

Здружената опозиција „Сојуз за иднината“ денес одржа прес-конференција во просториите на Општинската организација на СДСМ во Охрид. Поводот е митингот кој ќе се случи вечерва во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид, каде што СДСМ ќе изврши промоција на кандидатот за градоначалник, актуелниот градоначалник, Александар Петрески.

„Овој момент ќе го искористам и да ги повикам сите граѓани без оглед на партиската припадност, да присуствуваат и да го поддржат кандидатот кој што секогаш застанува на страната на демократијата и правдата. Во секој случај посакувам една мирна предизборна пристојна кампања каде што ќе ја надминеме досегашната реторика која што постоеше во изминативе изборни циклуси, иако од она што го видовме на вчерашниот митинг тоа не значи така“. – изјави Дејан Блажески, претседател на ОО ЛДП.

„Јас како градоначалник, актуелен градоначалник ќе се трудам максимално за фер и демократски избори, иако спротивниот, противничкиот тим веќе неколку месеци наназад води нечиста и не фер и недемократска кампања. Од таа кампања сакал и не сакал не може да се извлече и веќе ја почнува кандидатот за градоначалник, меѓутоа мене тоа нема да ме поколеба јас до крај останувам за фер и демократска кампања. Исто така таа кампања можевте да ја видите и сношти на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Тоа е грдото лице на таа кампања, таа е грдото лице на владата на Република Македонија, тој е начинот на кој тие саакат да владеат во Македонија и во Охрид. 

Иако вчера имаше многу луѓе дојдени од Шутка што го чекаа Субрата Рој, меѓутоа не знаеа каде се наоѓаат во кој град, каква кампања тие ќе водат може да се види од автобусите кои вчера беа присутни, кои беа преку 300 автобуси присутни, се имаше на плоштадот ама немаше Охриѓани, дури службени возила на Факултетот „Гоце Делчев“ од Штип вчера беа тука присутни во Охрид. Дали ова е фер, демократска кампања? Тотална злоупотреба и тоа директно од врвот од владата на Република Македнија“. – изјави Александар Петрески.

На крајот, Петрески убеден истакна дека како и досега и понатака во Охрид ќе се зачува убавото лице и нема да се дозволи да дојде грдото лице на Охрид.

SDSMpress2WebOhrid