Бакрачески: Ќе вложиме максимум во заштитата и промоцијата на културните вредности на Охрид

Охрид е извор на бројни културни традиционални историски и религиски вредности, место кое изобилува со голем број на културно историски споменици и знаменитости, голем број религиски објекти и град со специфична архитектура. Од друга страна Охрид е град каде што збиднуваат голем дел на културни  и уметнички манифестации, театри, тетарски претстави, концерти.

„Предности  кои што ги има Охрид во делот на културата поаѓајќи од  неговата уникатност и значењето кое го има во зачувување и ширење на културните вредности на македонскиот народ, јас како иден градоначалник, мојот тим и мојата советничка група и секако партијата која јас ја претставувам имаме намера да дадеме силна поддршка на сите оние активности кои значат збогатување на културната понуда во Охрид и секако силна поддршка и на презентацијата и промоцијата на културните вредности во меѓународни рамки“. – истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

Како што рече д-р Бакрачески, позначајни проекти во овој сектор ќе бидат изградба на повеќенаменска универзална сала со конгресен центар, во која што ќе се одржуваат голем дел на културно уметнички манифестации.

„Во универзалната сала ќе функционира и еден конгресен центар со што конечно ќе овозможиме сезоната на конгресен туризам во Охрид биде продолжена во текот на целата година“. – рече Бакрачески.

Вториот позначаен проект во делот на културата ќе биде реконструкција и реставрација на летната кино бавча во Охрид. За оваа цел би биле издвоени средства од буџетот на Општина Охрид, додека пак повеќенаменската универзална сала ќе се гради од средства кои ќе бидат обезбедени по пат на јавно приватно партнерство.

„Други позначајни активности кои што ќе бидат силна поддршка на нашиот амбасадор во делот на презентација и промоција на културното наследство, е националната установа Охридско Лето, која што изминативе 52 години имаше еден растечки тренд по број, квалитет, како на содржините така и по бројот и квалитетот на уметници“. – додаде Бакрачески.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, во делот на културата, опфатени се интервенции и реставрации на Црквата Св. Богородица Перивлепта, Св. Богородица Заумска во Село Трпејца, Археолошкиот локалитет Манчевци, санација на бетонските ѕидови на платото кај Долни Сарај. Исто така, Бакрачески најави силна поддршка и на манифестациите по кој е препознатлив Охрид, а тоа се Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, Балканскиот фестивал на народни игри и песни, Прличеви беседи  и меѓународниот семинар за литература и култура.

Bakraceski2WebOhrid