Сојузот за Иднината ја претстави советничката листа

„Гордо можам да кажам дека без оглед на политичките услуги, без оглед на огромниот број шпекулации во јавноста, кандидатската листа за Советот на Општина Охрид на здружената опозиција предводена од СДСМ беше избрана акламативно демократски со сериозно почитување на процедурите и што е најважно, сите 23 кандидати ги исполнуваат не само партиските критериуми туку се карактеризираат со чесност, лојалност, професионалност и чувство за општествена одговорност“. – рече на денешната прес-конференција претседателот на ОО ЛДП, Дејан Блажески.

„Принципите по кои што ќе се раководиме во понатамошниот натпревар за освојување на што е можно повеќе гласови од страна на нашите граѓани, ќе бидат пред се принципите на љубов, а не на омраза, принципите на почит и искажување на доверба кон сите граѓани на нашиот град без одредено напаѓање и без користење на јазикот на омразата. Сакаме да победиме со љубов, со гордост, со почит кон сите граѓани на градот Охрид, не да изградуваме бивалентни принципи во кои што ќе им дадеме право на едните да се чувствуваат дека се наши, а другите дека се чувствуваат дека се од другата страна“. – истакна носителот на листата на советници од Сојузот за Иднината, Јован Стојаноски.

Иако многумина се прашувале зошто каснеше оваа листа, сепак како што рече Стојаноски, крајот го краси делото, а сака борбата да е борба на љубов, борба на сограѓани, борба на луѓе кои што во моментот имаат само различни идеи, а не и борба на спротивставени страни.

„Цврсто стојам на ставот дека досега во историјата на Охрид, поубава и подобра листа не е составена. Охрид конечно доби советничка листа како што има избрано и најдобар градоначалник исто така овој пат на Охрид му нудиме и најдобар градоначалник, а исто така и најдобра листа, која ќе работи во интерес на граѓаните. Нашиот натпревар ќе биде со идеи, нашиот натпревар нема да биде со подметнувања, нема да биде како што настапува противникот. Ние со уцени нема да настапуваме према граѓаните“. – нагласи градоначалникот Александар Петрески.

SojuzZaIdninata1

SojuzZaIdninata2

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА КОАЛИЦИЈАТА СОЈУЗ ЗА ИДНИНАТА
  Име Презиме Струка  
1 Јован Стојаноски Доктор на науки СДСМ
2 Александар Калачоски Дипломиран менаџер по осигурување ВМРО НП
3 Оливија Пирузева-Јанева Професор по македонски јазик и литература СДСМ
4 Дејан Блажески Докторант од областа на економските науки ЛДП
5 Томислав Тунтев Доктор на науки од областа на техничките науки СДСМ
6 Жаклина Лазареска Професор по математика и информатика СДСМ
7 Јоне Станкоски Професор по физичка култура ВМРО НП
8 Драган Пандески Инженер технолог НСДП
9 Виолета Мицкоска Доктор на медицина СДСМ
10 Александар Ристески студент СДСМ
11 Гоце Ѓоршески Дипломиран економист СДСМ
12 Јасмина Маркоска Дипломиран правник СДСМ
13 Ѓоргија Танески Градежен техничар СДСМ
14 Горан Волканоски Економски техничар СДСМ
15 Стефка Илиева Економски техничар ВМРО НП
16 Ирфан Ракипоски Електротехничар електроничар ПНДТ
17 Зоран Донески Доктор специјалист интернист НА
18 Лидија Јефтовиќ Професор по англиски јазик ЛДП
19 Јовица Савин Дипломиран економист СДСМ
20 Бојан Павловски студент СДСМ
21 Љупка Иваноска Дипломиран менаџер по осигурување СДСМ
22 Владимир Стојчески Инженер технолог СДСМ
23 Бобан Ристески Дипломиран информатичар СДСМ

WebOhrid