Од вторник во Македонија се очекува студен бран, кој ќе донесе снег и значително намалување на температурите. Студената континентална маса прво ќе ја зафати северна и северозападна Европа, па потоа ќе пристигне и на Балканскиот Полуостров и во Македонија.
Овој студен бран, во Македонија ќе донесе ниски температури кои ќе се движат од 0°С до -8 °С како и врнежи од снег. Студениот бран се очекува да почне во земјава од 12-ти март (вторник) и ќе се задржи до 18-ти март (понеделник).
WebOhrid