Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.4%), Други услужни дејности (7.1%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.6%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6.8%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015, изнесува 21. 402 денари. Во март 2015 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.