Анкета: Што најчесто подарувате за 8-ми март?

На 8-ми март се слави Денот на жената, со што се покажува љубов и почит кон понежниот пол. Најчесто тоа се прави кон мајки, сопруги, сестри, пријателки, учителки, колешки. Сите сакаат нешто да подарат, онолку колку што можат, без разлика дали тоа е евтин или скап подарок, бидејќи понежниот пол знае тоа да го цени, ако навистина тоа е подарено од срце.

Во анкетата на WebOhrid „Што најчесто подарувате за 8-ми март?“, учествуваа 125 читатели. Од нив 79% најчесто подаруваат симболичен подарок (цвеќе, честитки, бонбони, чоколади и сл.), мал процент од читателите со 14% подаруваат скап подарок (парфем, козметика, накит, облека, вечера во ресторан), а само 7% не подаруваат ништо.

WebOhrid