Кандидатот од Египќаните со јасна порака: Не сум дојден ни од Германија ни од Шутка, за да сум ваш претставник

Вчеравечер во големата сала на Општина Охрид, пред присутните симпатизери, промоција одржа независната листа на носителот Кујтим Усеини и кандидатот за советник од Египќаните Арбен Демироски Бено. Пред присутните се обрати кандитатот за советник,припадник од понежниот пол на Египќаните, Ирма Зејнел. Таа ги повика сите мајки, жени и девојки, да ја поддржат оваа листа за масовно вклучување и интеграција на жената Египќанка во градот Охрид.

Кандидатот за советник на Египќаните Арбен Демироски ги запозна присутните со неговата биографија, програма и допринос од негова страна за неговата заедница и повика да го поддржат, бидејќи тој е вистинската опција за подобар живот на Египќаните во Охрид.

Исто така тој упати апел да не потпаѓаат под влијаније на штетници кои сакаат само да ги злоупотребат гласовите на Египќаните за нивни партиски интереси, и дека тој секојдневно е меѓу нив, дека не е дојден ни од Германија, ни од Шутка, за време на избори. Промоцијата помина во победнички дух со желба наредниот пат Бено да се обрати како советник.

Kujtim02