Бакрачески: На ова место ние ветивме и ќе реализираме конечно изградба на еден современ покриен пазар

„Денес се наоѓаме пред уште едно грдо лице во градот, една многу неугледна глетка, со што го прави впечатокот на охриѓани и на туристите кои што доаѓаат во него многу неприсотен. Ова е место каде што долги години наназад градоначалникот и локалната самоуправа постојано ветуваа дека ќе изградат покриен зелен пазар. Ова е место каде што не се обезбедени ни минимум безбедносни услови за продажба на храна, ниту хигено-епидемиолошките, ниту санитарно-технички услови за продажба на истата“. – изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески при денешната посета на Градскиот пазар во Охрид.

Како што вели Бакрачески, ова е место каде што чесните граѓани од Охрид и од околината поминуваат низ голготи, мрзнат на снег и на дожд за да ги продадат своите производи, да заработат парче леб за своето семејство.

„На ова место ние како идна локална самоуправа во нашиот програм ветивме и ќе реализираме конечно изградба на еден покриен зелен пазар, кој ќе ги задоволува сите хигиенско епидемиолошки и санитарни технички услови за продажба на храна и во исто време тоа ќе биде во архитектонска смисла, убав објект кој ќе го личи градот и ќе го прави едно од убавите лица на овој град.“ – додаде Бакрачески.

Со придружните објекти кои ќе го опслужуваат овој покриен пазар, покриен објект, Бакрачески рече дека има намера да ги врати и традиционалните вредности на охриѓани, ова да им биде и собиралиште на луѓе каде што ќе можат да направат чесен муабет, да си разговараат, да си поприкажат за своите животни патишта, во исто време, продавајќи ги своите производи кои се познати за нашиот охридски пазар, а тоа се охридките цреши, јагодите од Лескоец и другите производи по кои што охридскиот пазар е познат за туристите.

Pazar2 Pazar3WebOhrid