Пандев влезе прекасно, Демири и Јаховиќ се разминаа, пораз за Шиков и Савиќ

Во италијанската Серија А, Киево победи со 2:0 против Наполи. За Наполи, Горан Пандев влезе во игра во 63 минута, но не можеше да влијае на резултатот кој беше поставен уште во првото полувреме.

Во Швајцарија, Тун изгуби од Цирих со 0:4. Мухамед Демири и Адис Јаховиќ „се разминаа“ на овој натпревар. Мухамед Демири го започна натпреварот за Тун, а излезе од игра во 46 минута, додека пак за Цирих, Адис Јаховиќ влезе во игра во 63 минута кога веќе беше поставен конечниот резултат.

Ванче Шиков го одигра целиот натпревар, додека пак Душан Савиќ влезе во игра во 54 минута, во натпреварот од Украинската Премиер Лига, каде нивниот клуб Волин, изгуби со 0:2 од Динамо Киев.

WebOhrid