Петрески: Ќе застанам зад вработените, се додека не земат се што им должи ЕМО

„Со последните случувања кога Владата ги откупи акциите значи во АД ЕМО, сопственик или газда народски кажано е Владата на РМ, т.е. државата. Оваа иста влада откога е на власт, последниве 7 години, има 17 милијарди евра потрошено буџетски средства, а исто така има 3 милијарди евра кредити земено, значи 20 милијарди евра имаат потрошено. Иако ветија на изборите во 2011 година дека за ЕМО ќе одвојат 7 милиони евра од тие 20 милијарди, за да можат да се расчистат вработените со плати и со придонеси, се што имаат сработено вработените, не го има тоа сторено, и нема намера да го стори. ЕМО ќе беше целосно во стечај пуштено, да не беа овие избори. Сега ги замамија вработените, имало работа уште незнам колку време обезбедено, само додека поминат изборите и исто, после тоа ќе заврши приказната за ЕМО“. – изјави денес актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески, пред фабриката ЕМО.

Петрески им вети на сите вработени, кои се и внатре и надвор од фабриката, дека тоа нема да го дозволи во иднина.

„Нема да дозволиме она што се случуваше во минатото кога идеа стечајци, директори пуштени директно од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои сега станаа и претседатели на радио-дифузен систем, кои земаа 300 илјади денари плата и спиеја по хотели, дека тоа нема да го дозволиме во иднина, исто така им ветувам на сите вработени, оваа влада најкасно до септември ќе падне и дека сите овие луѓе, јас лично ќе застанам зад нив дека се што треба да земат што им должи ЕМО, т.е. државата, дека тоа ќе биде направено. Гордоста на Охрид, гордоста на Република Македонија, во цел свет изгледа жалосно, изгледа тажно“. – рече Петрески.

Драган Молкоски, претседателот на синдикатот на АД ЕМО и сите дооели, изјави дека неколку години тој е надвор од ЕМО, но дека наскоро очекува со правосилна пресуда да се врати на работа.

„Можам да кажам дека ЕМО е приказна сама за себе. Во моментов има околку 200 вработени на работа, колку се работи можете сами да видите, инаку има околу 150 вработени, кои во моментов се наоѓаат распределени во 48 друштва дооели за кои се води сега стечајна постапка и од сите тие 48 друштва кои ги има основано акционерсково друштво ќе останат само 3 дооели во кои треба да ги префрлат своите лојални вработени, а другите нормално ќе одат во стечај. Трите друштва се формирани во 2012 едното е во 2011. Иако акционерското друштво е постојано во блокада, блокирана му е жиросметката повеќе од година и пол, тоа формира нови друштва, со една цел, вработените да не можат да си  ги наплатат своите вработувања“. – рече Молкоски.

„Она што се случува во ЕМО вистина е неверојатно. Еден гигант како ЕМО, да се остави на вакви луѓе, да го разграбуваат да го уништуваат, затоа што во овој момент ги нема веќе фабриките во Дебар, во Тетово, фабриката во Гевгелија, во Лескајца, во Кичево, го нема институтот во центарот на Скопје, на повидок се да ги нема фабриките во Лешани, фабриката во Крушево, на тој начин се одржаваат овие вработени кои одат на работа, а да не кажам скоро ништо да не работат“. – изјави Молкоски.

EMO2WebOhrid