ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не поколебаат никакви неуки реакции

По вчерашниот прес, на д-р Гордана Коњановска, вчера реагираа од Сојузот на иднината, а денес на нивната реакција реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат:

„Во реакција колку да се има реакција вчера СДСМ и нивниот Сојуз се обидоа да дефокусираат една важна тема за Охрид отворена на прес конференцијата на кандидатот за советник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Гордана Коњаноска. 

Неуките портпароли влезени во филм за некакви вредности без никакви дела за Охрид се обидоа да полемизираат со ставови и програмски дела за кои ниту знаат ниту имаат капацитет да разговараат.

ВМРО-ДПМНЕ стои на идејата дека развојот на здравствениот туризам е еден од клучните елементи во модерната туристичка понуда на Охрид кој може да донесе големи економски придобивки и да обезбеди развивање на различни сектори и нови вработувања. Станува збор, пред се, за пропуштените можности постоечките капацитети и човечки ресурси да бидат прилагодени на меѓународните стандарди и на вистински начин, понудени како добро обмислена здравствено туристичка понуда. Како пример Охрид има повеќе од 100 стоматолози и сите имаат веќе опремени ординации од кои повеќето со ништо не заостануваат зад високите меѓународни стандарди, а нашите иселеници кога се враќаат во Охрид никогаш не ја доведуваат во прашање нивната стручност. Требаше некој да се сети и да ги артикулира како дел од туристичката понуда и за странците.

Како локална самоуправа ние во ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да стоиме надвор од современите барања на туристичкиот пазар и немаме намера да седиме по кафеани и да кажуваме жалопојки дека некој не блокирал. Најголемата блокада на Охрид во изминативе 8 години беше токму незнаењето, безидејноста, неактивноста, неодговорноста на Петрески и на чинителите во Локалната. Ние имаме намера да работиме во секој еден сегмент за Охрид, да ги координираме ингеренциите и да створиме дела. И во оваа програмска цел нема да не поколебаат никакви неуки реакции. Добар е фактот што СДСМ секогаш каска зад нашите идеи и неаргументирано ги наводно критикува. Тие никогаш немале ни идеи ни дела. Нивните дела се навреди, манипулации и лаги. На 24 март, тоа завршува!“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

WebOhrid