Средба на Петрески со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

Градоначалникот Александар Петрески денес оствари средба со делегација на ОБСЕ / ОДИХР предводена од Герт Аренс и Карола Касбург. На средбата беше разговарано околу текот на изборната кампања и залагањето за фер и демократски избори. Градоначалникот Петрески ја искажа својата желба за мирно спроведување на кампањата и изборите и порача да не се случуваат изборни нерегуларности.