Јаневски го објави списокот за дуелот против Белгија

Селекторот на “А“ репрезентацијата на Македонија, Чедомир Јаневски  го објави списокот на играчи за натпреварите со селекцијата на Белгија од квалификациите за Светското првенство 2014 година. Дуелот од петтиот круг во мундијалските квалификации меѓу репрезентациите на Македонија и Белгија ќе се одигра на 22.03.2013 година на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје во 20:45 часот.

“Во натпреварите од квалификациите за Светското првенство и во контролните натпревари фудбалерите потврдија дека имаат квалитет, желба за победа и страст за репрезентативниот дрес. Тоа се играчите кои се заслужни за позитивната атмосфера пред дуелот со Белгија. Целта на стручниот штаб е во тимот да има по двајца фудбалери на секоја позиција, со тоа ќе ја задржиме мобилноста кај секого, бидејќи сите во секој момент можат да бидат во комбинација за да играат. Натпреварот е значаен за двете селекции и нема потреба од експериментирање со составот на фудбалери. Успесите на сите им даваат дополнителна сила, се надевам дека последната победа против Данска ќе ни даде дополнителен мотив. На подготовките ќе се обидеме да им го намалиме притисокот на играчитеи психолошки да ги ослободиме од било каков императив, едноставно, да ги оставиме да играат фудбал. Се надевам и верувам дека и навивачите ќе ни дадат подршка на вистински начин и ќе бидат наш 12-ти играч против Белгија“, изјави Чедомир Јаневски.

Голмани:

Мартин Богатинов (Карпати, Украина)

Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)

Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)

Одбрана:

Александар Тодоровски (Полонија, Полска)

Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија)

Стефан Ристовски (Бари, Италија)

Николче Новески (Мајнц, Германија)

Ванче Шиков (Волин, Украина)

Александар Лазевски (Партизан, Србија)

Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија)

Даниел Мојсов (Таврија, Украина)

Среден ред:

Мухамед Демири (Тун, Швајцарија)

Остоја Стјепановиќ (Вардар)

Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел)

Ферхан Хасани (Волфзбург, Германија)

Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)

Никола Глигоров (Алки, Кипар)

Напад:

Иван Тричковски (Бриж, Белгија)

Горан Пандев (Наполи, Италија)

Мирко Ивановски (Астра, Романија)

Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

Александар Трајковски (Зулте В., Белгија)

Адис Јаховиќ (Цирих, Швајцарија)

Нашиот национален тим првиот собир го има в понеделник, на 18 март во 12:00 часот во хотел “Александар Палас“. Истиот ден во 18:00 часот селекцијата ќе го одработи првиот тренинг на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

извор: ФФМ