Во врска со изјавата на актуелниот и кандидатот за градоначалник од Сојуз за иднината, Александар Петрески на градскиот плоштад, реагираше кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.
„Му благодарам на градоначалникот во заминување за покажаниот навигатор, се надевам дека е искрена неговата намера да ми го поклони мене и на неколку илјади граѓани на Охрид коишто упорно и безуспешно осум години трагаат по неговите осум автобуски станици, осум скијачки центри, осум катни гаражи, осум покриени пазари и што уште не. Јас, во моето минато ниту сум се занимавал со циркузи ниту во моментов се занимавам ниту некогаш ќе се занимавам. Мојот навигатор, уредно покажува на делата и проектите што јас во изминативе години ги реализирав не само за граѓаните на Охрид туку и за граѓаните на цела Република Македонија и соседните градови на Албанија. Сите тие проекти граѓаните имаа можност да ги лоцираат, да ги видат и да ги почуствуваат благодетите од нивната реализација.
Зад мене стојат дела, а не истрошени догми. Гордо и цврсто стојам позади нив.
Јас би му посоветувал на мојот опонент дека ќе му е потребен GPS за да може да се ориентира и да се движи по насоката која што ќе му ја одредат граѓаните на Охрид на 24 март надвор од локалната самоуправа“. – истакна Бакрачески во неговата реакција.
WebOhrid